Тргна извозот на овошје и зеленчук кон Косово. Утрово биле натоварени осум камиони со земјоделски производии тоа само од Кванташкиот пазар во Скопје. Трговците на големо после двонеделната блокада поради повисоките царини што ги воведе, па потоа ги укина Приштина, сега тријат раце. Велат дека драстично е зголемена побарувачката на овошје и зеленчук, а и цените веднаш пораснале. За разлика од минатите две недели кога дури и во пладневните часови Кванташки беше преполн со овошје и зеленчук за кое немаше купувачи, утрово веќе се продаваа последните гајби.

Вчера имавме голем одлив на роба која излезе од пазарот. Беа осум купци од таму, секој имаше по еден камион, значи осум камиони, еден дури остана празен немаше роба за него. Затоа сме многу задоволни сега, цените отидоа драстично нагоре – изјави еден трговец.

Праската поскапе од 20 до 25 денари, грозјето од 30 до 35, а крушите на големо се продаваат за 40 денари. Сепак, трговците се жалат дека блокадата им нанела финансиска штета, па сега се надеваат дека преку евентуалната зголемената побарувачка, еден дел од загубата ќе се надомести. Во Министерството за земјоделство сè уште ги прават пресметките за настанатите штети од двонеделната блокада.

Ќе ги рзгледаме сите опции и можности во делот на штетите кои што ги имат претрпено нашите земјоделци, дали преку интервентни мерки за продавање на дел од производите за преработка, мерки коишто се постоечки односно зголемување на самите износи или во поглед на зголемување на субвенции по површина – рече Љупчо Николовски, министер за земјоделство.

Косово на 18 јули воведе заштитна царина од 30 отсто на 21 земјоделски производ. Минатата недела по барање на земјите членки на ЦЕФТА договорот, каде членува и Косово, првично беше укината царината на 17 земјоделски производи, но рампата остана за доматот, пиперката, грозјето, крушката, јаболката, малината и капината кои се дел од производите кои се најизвезувани од Македонија. Во вторникот, косовската влада донесе одлука.

Александра Спесевска

Shpërndaj me