Интересни статистики по завршувањето на првенствата ширум Европа. Напаѓачката тројка на Барселона, Меси- Суарез- Паулињо со 68 голови ја предводат листата на најдобри стрелци на светот за оваа сезона, оставајќи ги зад себе Кавани, Нејмар и Мбапе од Париз Сен Жермен со 60 голови, односно осум помалку. Инаку, меѓу првите 10 најдобри напади се најде и тројката на Шкендија од Тетово Ибраими-Хасани-Жуниор со 55 постигнати голови и тоа на деветата позиција со ист број на голови како тројката на Лион, Депај, Фекир и Дијаз.

Shpërndaj me