Превозниците и натаму се соочуваат со стари проблеми. Документацијата и долгото чекањето на граничните премини беа главните забелешки на денешното генерално собрание на Унијата на патни транспортни асоцијации од Црноморскиот Регион. Сите забелешки и предлози ги ислуша министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски.

„Мометално најголемите проблеми е чекањето на граничните премини, воведуваме дигитализација на царината, другата мерка е one stop go со Србија, а исто така даваме сугестии за со Албанија да се овозможи тој проток. Главните движења за Македонија се за жал, бидејќи се уште не сме членка на Европска Унија, и проблемот со ЦЕМТ дозволите. Без добар транспорт нема ни добра економија велат од Меѓународната унија за патен транспорт“, рече Лефтер Андонов-управител на СИЗ Македонија.

„Задоволен сум што министерот е денеска тука, бидеќи на тој начин се покажува политичка волја на Северна Македонија дека за подобрување на економијата е неопходен добар транспорт“, изјави Умберто Де Петро- генерален секретар на ИРУ.

Меѓународниот превоз на стоки кон земјите членки на ЕУ е проблем за компаниите. Право за ваков превоз имаат компаниите со ЦЕМТ сертификат. Аплицирањето за добивање на сертификатот заврши вчера и имало апликации од 340 компании. Рангирањето за сертификатот е на база на бодување, со различни услови кој треба компанијата да ги исполни.

Андреа Чобанова

Loading...

Shpërndaj me

Loading...