Ајде да се договориме. Ти не сакаш да бидеш одговорен за убивање на илјадници луѓе, а јас не сакам да бидам одговорен за уништување на турската економија, а тоа ќе го сторам, му напишал американскиот претседател Доналд Трамп на неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган. Писмото било испратено од Вашингтон до официјална Анкара на 9-тти овој месец. Тоа е дента на самиот старт на турската воена интервенција во Сирија врз територијата што ја контролираат Курдите.

Сакајќи да го убеди Ердоган да не ја започнува акцијата, Трамп му пишува на Ердоган дека извесен генерал Мазлум бил спремен да преговара и да направи дотогаш незамислени отстапки.

На крајот на писмото следува шлагот на тортата. Трамп на Ердоган му напишал: Не се прави силен и не биди будала. Ќе ти се јавам подоцна!

Поради ваквата чудна и бизарна содржина на писмото, релевантните светски медиуми морале да се јават во Белата куќа за да проверат да не станува збор за лажна вест или измислица, но неговата автентичност била потврдена. Од кабинетот на Ердоган во Анкара, исто така стигна потврда дека такво писмо било добиено, но оти откако Ердоган го прочитал, го фрлил во канта за отпадоци, јави британскиот радиодифузер, Би Би Си. Турската воена операција во Сирија и денеска продолжува.

Иван Блажевски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...