Американскиот претседател Доналд Трамп за време на неговата посета на границата со Мексико изјави дека бил подготвен да прогласи национална вонредна состојба за да почне изградбата на граничниот ѕид.

Неговата посета доаѓа во момент кога делумната блокада на сојузната влада влезе во третата недела, односно 800 илјади федерални службеници работат без плати или се дома.

Трамп и демократите во Конгресот се во ќор сокак околу барањето на претседателот во буџетот да бидат предвидени околу 6 милијради долари за граничниот ѕид, наведувајќи дека станува збор за безбедносно прашање.

Loading...

Shpërndaj me