Претседателот Доналд Трамп и неговите соработници разговарале за можноста да го купат Гренланд за САД од Данска, пренесуваат американските медиуми, додавајќи дека според некои извори дискусијата не била сериозна.

Некои советници на Трамп ја поддржале идејата како добар економски чекор, додека други веднаш ја отфрлиле. Гренланд со 56.000 жители е дел до Данска. Таму САД имаат воена база лоцирана на 1.000 километри од Арктичкиот круг.

Во 1946 година САД се понудија да го купат островот за 100 милиони долари, но беа одбиени.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...