Американскиот претседател, Доналд Трамп, рече дека сака да направи реформи во миграцискиот систем, давајќи им предност на младите и образувани поднесувачи на барања за работа, коишто добро го зборуваат англискиот јазик, наспроти лицата кои имаат семејни врски со Американци.

Засега се очекува планот да не ја добие потребната поддршка во Конгресот, имајќи предвид дека Демократите се против таков вид на реформи. Сепак, Трамп посочува дека во случај предлогот да не помине оваа година, тој истиот предлог повторно ќе го стави пред конгресмените по изборите за Конгресот следнта година.

„Ако поради некои причини не успееме да ги придобиеме демократите, да го поддржат овој сигурен план, тогаш ќе го одобриме веднаш по изборите, кога ќе го вратиме Претставничкиот дом, зачувувајќи го Сенатот и претседателството“, изјавил Трамп.

Во својот закон, Трамп предлага одржување на вкупниот број мигранти, со тоа што 57 проценти од Зелените карти би биле резервирани за лица кои ќе побараат престој врз основа на работната способност и образованието.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...