Американскиот претседател Доналд Трамп за прв пат е во официјална посета на Велика Британија и за време на посетата ќе се состане со премиерката Тереза Меј и кралицата Елизабета II.

На аеродромот во Лондон, Трамп и неговата сопруга Меланија беа пречекани од министерот за меѓународна трговија Лајам Фокс и претставник на кралицата.

Пред пристигнувањето, Трамп рече дека не му пречат протестите против него во Лондон.

„Мислам дека многу ме сакаат во Обединетото Кралство, мислам дека се сложуваат со мене во врска со прашањата за миграциите“, изјави Трамп.

По завршувањето на работната посета, Доналд и Меланија ќе отпатуваат за Шкотска каде планираат да го поминат викендот.

 

Shpërndaj me