Скандалозни грешки во користењето на албанскиот јазик од страна на институциите. Не консултирајќи се со експерти при превод на текстови, грешките што ги прават институциите се трагични но и комични. Еден од последните примери е мешањето на зборот „се чува“ и „се избричи“ во текст преку кој ЈСП ги известува граѓаните за билетите за едно патување. Но, ова не е единствената грешка направена во овој случај, целиот текст има и други грешки:

ЈСП
“Билетот е за едно патување. Билетот мора да биде валиден и да „се избричи“ до крајот на возењето. Билетот што не е валиден се смета за неважечки. При контрола, билетот за верификација се дава на овластеното лице. Возењето со неважечки билет е казниво. За повеќе информации, посетете ја веб-страницата www.skopska.mk.

За да им помогне на институциите за превод на материјалите, формирана е Агенцијата за спроведување на Законот за употреба на јазиците за Од ЈСП велат дека не побарале помош од оваа институција туку се  консултирале со тројца вработени во ова претпријатие, кои не се ниту преведувачи, ниту лектори и кои го одобриле горенаведениот текст .Сепак, од претпријатието велат дека грешката не била намерна. Друга грешка е забележана во таблата на Граничната полициска станица каде „Долно Блаце“ е напишано „Долно Балаце“. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека таблата наскоро ќе биде коригирана. Директорот на Агенцијата за спроведување на законот вели дека има институции кои ја игнорираат Агенцијата за превод на сите материјали.

Илбер Села – директор на Агенцијата за Законот за јазици
“ На сите институции што имаат потреба да ги преведат натписите, образците, одлуките што ги донесуваат, ние имаме должност согласно член 19 од Законот за употреба на јазиците да им помогнеме.  02:41 Претпријатието за јавен сообраќај не достави барање до денес, иако ние побаравме средба со јавните претпријатија што се во Градот Скопје, но досега не сме се сретнале”.

Села вели дека 76 институции доставиле барања за помош до Агенцијата во 2019 година, додека во текот на првите два месеци од 2020 година се испратени 18 барања.

Еви Шкопи

Loading...

Shpërndaj me

Loading...