Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан призна дека има одредени планови за престојниот рок за трансфери. Се најавува голем ремонт на екипата која оваа сезона отфрли на сите полиња. Откриено е дека една од желбите на Зидан е данскиот фудбалер за врска, Кристијан Ериксен, кој игра во Тотенхем. Контактот е веќе остварен, но претседателот на „кралскиот клуб“ Флорентино Перез, останал без зборови кога слишнал што бара клубот од Лондон во замена за својот фудбалер:

„Дајте ни 50 милиони евра и Лука Модриќ како замена за Ериксен“, порачале челниците на Тотенхем.

Во Тотенхем сметаат дека Ериксен е поголем потенцијал од Модриќ и оти е подобар отколку што бил Хрватот на негова возраст.

Странските медиуми пренесуваат дека претседателот на Реал очекувал „тврди“ преговори, но останал затекнат од барањето на Тотенхем.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...