Специјалната обвинителка во случајот “Титаник”, Лиле Стефанова, побара одложување на судскиот процес, повикувајќи се на писмото на притворената специјална обвинителка, Катица Јанева, со кое таа се согласи сите предмети на СЈО да бида предадени на надлежно постапување на редовното обвинителство, пренесува Телма.

“Имајќи го ова предвид, но и тоа што во моментов во СЈО има присутна комисија од јавното обвинителство за примопредавање на предметите, предлагам одложување на судењето” – изјави Стефанова.

Во меѓувреме, одложено е и денешното рочиште за предметот Титаник 3, по барање на СЈО, токму заради примопредавањето на предметите од СЈО во републичкото јавно обвинителство.

Извор: Телма

Loading...

Shpërndaj me

Loading...