Најстариот син на музичката ѕвезда Тина Тарнер, 59 годишниот Крејг изврши самоубиство.

Тој е пронајден мртов во својот дом во Калифорнија, а полицијата успеала само да констатира смрт.

Според обдукцискиот извештај, Крејг Тарнер си пукал во главата со огнено оружје, објави Пипл Магазин.

Тој е најстариот син на пејачката кого и е роден кога таа имала само 18 години.

Кога во 1962 година, Тина се венчала со Ајк Тарнер, тие одлучиле да го посвојат Крејг чиј билошки татко бил саксофонист во бендот „Kings of Rhythm”.

 

Loading...

Shpërndaj me