Кој е вистинскиот одговор кога сте на интервју за работа?

Имате закажано интервју за работата што ја сакате и меѓу останатите прашања, следува она – зошто сакате да работите во оваа компанија, зошто мислите дека сте вистинскиот човек за позицијата и зошто треба да Ве одбереме Вас?

Вистината е дека не постои точен одговор што ќе ви ја обезбеди со сигурност работата.

Тоа што сака да го дознае работодавачот преку прашањата што ги поставува е дали сте тимски играч или индивидуалец.

Во која група и да сте, тој ќе процени дали сте соодветни за таа компанија или не.

Тимскиот играч носи успех на тимот, индивидуалецот има автономност и делува поинаку од останатите, придонесува на друг начин за успехот на компанијата.

За тимски играч:

Ова е еден од очигледните одговори на најголем дел од потенцијалните вработени. Менаџерот сака функционален тим кој ќе може и ќе знае да работи заедно. Тие не сакаат асоцијален карактер, кој молчи за време на состаноци и не учествува во ништо.

Од друга страна, негативно е тоа што менаџерот може да го интерпретира тоа како начин да се извлечете од поединечни одговорности.

Кој е точниот одговор? Дека може да работите и тимски и самостојно. Така им оставате избор да одлучат каде би се вклопиле најдобро, не се наметнувате себеси по секоја цена на една позиција, а менаџерот сепак го задржува чувството дека одлуката ја има самиот тој.

За индивидуалец:

Самостојноста при работењето и можноста да се менаџира со сите обврски навремено и успешно е карактеристика која ја имаат луѓе предодредени да бидат менаџери.

Од друга страна, постои можност доколку во фирмата каде што аплицирате да има отворена позиција само за тимска улога, во тој случај бидете сигурни пред да одговорите да дознаете која е позицијата за која ве планираат.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...