Тили Локи, од округот Дурам, Велика Британија, на 15 месечна возраст останала без двете раце откако лекарите утврдиле дека мора да и ги ампутираат како последица менингококна септикемија.

Денес, како 13-годишнино девојче, таа е првиот тинејџер кој добил 3D печатени биотички раце.

Софистицираните роботски екстремитети реагираат на нејзините мускули под лактот, овозможувајќи им на рацете да прават движења.

Таа е избрана да стане амбасадор на компанијата за технолошки развој – Open Bionics, со седиште во Бристол, југозападна Англија,  каде им помага да развијат бионички раце за деца.

„Рацете ми се многу уникатни. Можам и да ги менувам обвивките за да ми одговорат на расположението или стилот. Јас тоа го сакам. Имам разнобојни оклопи, шест или седум пара. Исто е како да избирате нова чанта, со какви чевли ќе ги облечете заедно и тоа едноставно го сакам!“, вели Тили.

Извор: енаука.мк

Loading...

Shpërndaj me

Loading...