Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон оцени денеска дека континуираните тестови на ракети што ги извршува Северна Кореја се закана за целиот свет и истакна дека САД соработуваат со регионалните сојузници Јапонија и Јужна Кореја за тоа прашање.

– Во источна Азија се поагресивниот и изолиран режим на Северна Кореја ја загрозува демократијата во Јужна Кореја Јапонија и што е поважно, ги прошири тие закани кон САД, загрозувајќи го целиот свет, изјави Тилерсон.

Тој нагласи дека САД прво гледаат кон своите регионални сојузници – Јужна Кореја и Јапонија.

Јужнокорејската армија соопшти дека Северна Кореја испукала неидентификувана ракета која ја прелетала северна Јапонија и паднала на околу 2.000 км источно од Хокаидо.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...