Брзината и лошата состојба на кочниците се причина за трагичната несреќа кај село Ласкарци што се случи минатиот месец. Тахографот бил наместен да ја прикрива реалната брзина на автобусот. Полицијата уапси шест лица, меѓу кои сопственикот на компанијата „Дурмо Турс“, потоа првиот човек на техничката контрола, тројца вработени во техничката контрола „Авто-мото сојуз Гостивар“, возачот и лицето кое констатирало дека тахографот бил во ред. Шестмината се гонат за кривично дело против безбедноста на луѓето и возилата во сообраќајот, а седмиот осомничен за несовесно извршување на задача.

Од обвинителството велат дека раководителот на техничката контрола имал сознанија дека тахографот бил наместен, но повторно овозможил автобусот да вози без соодветна контрола на брзината. Тројцата техничари во техничката контрола го пуштиле автобусот во употреба иако кај него биле забележани дефекти во системот на кочење од јуни минатата година.

Тие не го средиле ниту пак, го спречиле да сообраќа, туку во документација пишувале дека автобусот е во добра техничка состојба.

Возачот направил прекршок бидејќи ја пречекорил дозволената брзина. Имено, било констатирано дека во моментот на несреќата, автобусот возел со брзина од 99 километри на час, наместо дозволените 80. Возачот активирал скриен систем со кој го манипулирал тахографот за да не ја покажува вистинската брзина.

Од Обвинителството тврдат дека шоферот бил дијабетичар, но оти тоа не било причина за трагедијата. Тој во моментот на несреќата не користел ниту мобилен телефон. Инаку, трагедијата се случи на 13 февруари на магистралата Скопје-Тетово. Автобусот изгубил контрола, поминал три заштитни огради и заврши превртен во нива покрај стариот пат кај село Ласкарци. 15 лица загинаа, додека 40 се здобија со тешки телесни повреди.

Бесиан Лека

Loading...

Shpërndaj me

Loading...