Тетовското Кале, еден од спомениците со посебно културно – историско  значење за полошкиот регион и пошироко, е напуштен од институциите кои треба да се грижат за неговото одржување. Без осветлување, со распаднати ѕидови, без соодветна инфраструктура, стана депонија каде посетители се само кучиња скитници, кои го загрозуваат животот на оние малкумина кои одлучиле да влезат во неговата внатрешност. Како и во минатото, и сега институциите се жалат на недостаток на средства обвинувајќи се меѓусебно. За оваа состојба се обвинува Министерството за култура.

Обврските не ги завршил ниту Центарот за конзервација на историски споменици. И раководството на овој Центар се жали на недостаток на пари. Реставрацијата на влезот на Калето започна во 2014 година, но од тогаш до денес овој проект не е завршен.

Мемет Селмани- директор на ЦКИМ

„Од 2015 година до сега, во тек е третата фаза. Минатата година добивме 800.000 денари од програмата на Министерството за култура. Двапати го отворивме тендерот, два пати пропадна, затоа што ниту една фирма не конкурираше, а потоа обезбедивме уште 200.000 денари и станаа милион. Оваа година очекуваме кога ќе се подобрат климатските услови да продолжиме со третата фаза.“

Но, Министерството за култура ги отфрла тврдењата на овие институции.

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

„Во 2019 година за проектот Директна заштита, конзервација, рехабилитација, реновирање на влезната порта на Калето во Тетово, Бал – Тепе, за третата фаза беа издвоени 900.000,00 денари, кои сè уште не ги искористиле надлежните институции за објективни цели. За 2020 година Националниот конзерваторски центар – Скопје има делегиран буџет и во рамките на истиот, оваа институција ќе одлучи кои проекти и со која сума ќе ги реализираат во текот на 2020 година.“

На тетовското Кале нема оддржување и осветлување. Градоначалничката на Тетово, иако е одговорна за одржување на локацијата, вели дека очекува од другите институции да направат проекти за Калето.

 Теута Арифи, градоначалник на Општина Тетово

„Досега не ни беше побарано да правиме планови или што и да е, но сакам да кажам дека општина Тетово, доколку има интерес и можност од таа природа, е крајно подготвена да го стори својот дел од работата“.

Во жална состојба тетовското Кале е со години. Калето никогаш не е обновено и покрај големите ветувања на политичките партии кои секој изборен циклус го вклучуваат во нивните партиски програми, но со завршување на изборите, завршуваат и ветувањата, кои го остануваат во мрак и со единствените посетители, кучињата скитници кои го загрозуваат животот на кој било минувач.

Bashkim Sulejmani

Loading...

Shpërndaj me

Loading...