И пред оваа учебна година до израз доаѓаат проблемите во многу училишта. Во Тетово, средното медицинско и основното „Скендербег“ во Џепчиште се меѓу најзасегнатите. Според одговорниот за образование во општина Тетово, Ахмет Ќазими, не е можно да се инвестира во нив поради недостиг на документација.

Објектите изградени во тоа време биле раководени од централната власт и целата постапка за градење на медицинското е спроведена од МОН, ние не поседуваме целосна документација, затоа не можеме да вршиме интервенции, бидејќи немаме целосни документи. Истото е и со ОУ во Џепчиште – изјави Ахмед Ќазими -Одговорен за образование во општина Тетово.

Покрај проблемите со инфраструктурата, новата учебна година 19 тетовски училишта ќе ги затекне во долгови, за кои Ќазими ја обвинува поранешната власт во општина Тетово.

Од средните училишта долгот постојано се исплаќа. Со последните извршени исплати сега долгот што беше во изминатите неколку месеци е приближно 110 милиони денари – рече Ахмед Ќазими -Одговорен за образование во општина Тетово.

Од друга страна, селата Мала Речица и Селце и натаму ќе бидат без училишен објект, бидејќи ниту Министерството за финансии ниту Министерството за образование не одвоија средства за градба.

Башким Сулејмани

Loading...

Shpërndaj me

Loading...