Вештачко езеро и паркинг за возила кои пречат едно на друго. И после 10 години сè уште не е направено тоа за што беше отворен булеварот Благоја Тоска.

Жителите веќе се предадоа и не можат повеќе да сторат ништо за катастрофалната состојба. Иронично тие велат, па и не е толку лошо, бидејќи сега си имаат вештачки езера.

Иста ситуација и кај студентската населба каде веќе четири години се ветува дека ќе се постави улично осветлување и оти ќе се среди улицата. Студентите се веќе изморени од лажните ветувања.

„Условите се ужасни. Јас не сум од тука, јас сум тука една и пол година, но верувам дека тие пред мене многу повеќе барале да се поправи нешто“, вели еден студент.

А, општина Тетово по кој знае кој пат – и сега ветува решение.

„Процедурата е во завршна фаза. Со ребалансот на буџетот, предвидена е исплата на некои делови од земјиштето за експропријација, а потоа ќе почне изградбата“, велат од општина Тетово.

Во ваква тешка состојба не се само овие две улици, туку и многу други кои имаат проблеми со дупки, вирови со вода, немање на канализација и осветлување.

Башким Сулејмани

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...