Градот Тетово и руралните општини се задушуваат во отпад. Освен контејнерите кои по цел ден се преполни, со смет се трупа и нивната околина, па се шири неподнослива реа. Честопати ситуацијата ја влошувата и кучиња скитници кои ги влечат кесите со отпад по улиците. Граѓаните се револтирани зашто градот е доведен во оваа состојба и се плашат од ширење на некоја епидемија.

Видете и сами, ова е болест, се чувствува смрдеа. Редовно плаќаме, имаме документи, но не се преземаат мерки… и со паркингот исто. Јас 40 години живеам тука, но никогаш немало таков хаос сиве овие години.

Самите гледате, може да се јави некоја епидемија бидејќи ова е голема нечистотија. Види и ваму и таму има ѓубре. Но, има и еден друг проблем… Кога доаѓа камионот да го собере ѓубрето не може да влезе до таму бидејќи има паркирани автомобили.

Но, од Јавното комунално претпријатие се правдаат. Сметот останувал несобран поради доаѓањето на печалбарите и зголемениот број на автомобили.

Според анализата, имаме зголемување од околу 40 тони отпад дневно, но проблемот не е кај товарната станица. Имавме еден дефект, но сега функционира. Вториот проблем лежи во огромниот број автомобили во градот што ни прави проблеми за да се стигне до одредени места – изјави Џељал Џека, Директор на ЈКП Тетово.

Како што дознава Алсат, јавното претпријатие честопати се соочува и со дефекти на камионите, што дополнително го влошува проблемот со отпадот во градот. Во Тетово последниве два месеца се продуцира по околу 280 тони отпад дневно.

Башким Сулејмани

Shpërndaj me