Терористичките напади во периодот од 2004 до 2016 година ја чинеле Европската унија 185 милијарди евра, јави Анадолија.

Сервисот за истражување при Европскиот парламент објави извештај насловен “Борба против тероризмот”.

Според извештајот, терористичките напади во период од 12 години, ја чинеле економијата на ЕУ вкупно 185,4 милијарди евра.

Човечките загуби и повреди, штетите на инфраструктурата изнесувале над пет милијарди евра.

Тероризмот имаше негативно влијание главно врз трговијата, директните инвестиции, транспортот и туризмот.

 

Shpërndaj me