Два танкера изутрината се нападнати во водите на Оманскиот залив. Според информациите на Ројтерс, танкерите полни со нафта се погодени со торпедо, а еден од нив сѐ уште е во пламен.

Според досегашните податоци, танкерите се сопственост на компаниите „Фронтлајн“ и „Кокука“. Иранскиот министер за задворешни работи наведува дека нападнатите бродови имале некаква врска со Јапонија.

За да бидат работите уште покомпликувани, агенциите пренесуваат дека нападите се случуваат во моментот кога во Техеран престојува јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Во меѓувреме, агенцијата „Спутник“, повикувајќи се на информација од либанската телевизија „Мајдин“, пренесе дека едниот од танкерите веќе потонал.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...