Со барање за меѓународна истрага, во тензична атмосфера започна јавната седница во скопска Апелација за жалбите од осудените во случајот Диво Насеље.

Обвинетите побараа наместо презентација на тужбите прво судот да им дозволи да ги прочитаат неколкуте страници што, како што кажа обвинетиот Генц Сефа, ги подготвиле сите обвинети заедно, но од Судот беа предупредени дека ова не е судење туку јавна седница. По ова следуваа низа навреди и пцости на албански јазик упатени кон судот и кон преведувачката.

По ова дваесет и девет обвинети ја напуштија јавната седница, а останаа тројца, односно двајца што добија ослободителна пресуда и обвинетиот Ебип Алии, кој беше осуден на затворска казна од 12 години со првостепената пресуда.

Седницата на Апелација ќе продолжи без нивно присуство денеска и утре.

 

Loading...

Shpërndaj me



Loading...