И додека најголемиот регионален центар за дијализа во земјава, струшката Болница за бубрежни заболувања, пред почетокот на есента и дождовите, се дави во проблеми и прокапување на кровот, од Министерството за здравство ветуваат решение на проблемот. Заменик-министерот, Асим Муса, кој неколку години беше и директор на оваа здраствена установа, се надева дека во текот на есента ќе почнат градежните активности.

Избрана е фирма и се чека само потпис на договорот со неа. Средства се одобрени со планираните изведби за оваа година во висина 300.000 евра и тоа уште во март оваа година. Во план е целосна реконструкција на кровот, како и дел од собите кои се оштетени од прокапувањето…“, изјави Асим Муса, Заменик-министер за здравство.

Неофицијално Алсат дознава дека застојот настанал бидејќи за фирмата која требало да ги изведува работите, бил отворен случај пред Антикорупциска комисија. Во меѓувреме, директорот на болницата, Александар Попоски, призна дека кровот често прокиснува, но тој за разлика од заменик-министерот, тврди дека тендерот кој бил распишан во април, бил поништен.

Алсат побара став и од општина Струга. Дали тие досега реагирале до ресорното министерството за ваквата состојба? Но, одговор не добивме. Ниту градоначалникот Мерко не одговараше на телефонските повици. Во една ваква ситуација реагираа локалните опозициски партии.

Алијанса на Албанците:

„Алармантната ситуација во институтот за нефрологија во Струга со последните врнежи, при што беа изложени на опасност пациентите и персоналот ја разобличи уште еднаш институцијата Министерство за здравство, конкретно функционерот од Струга, заменик-министерот, Асим Муса, кој освен празните ветувања и брифинзи, ништо нема преземено за надминување на ситуацијата…“

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, во својата реакција наведоа:

ВМРО-ДПМНЕ:

„…Се прашуваме колку треба да сте нечовечни за да дозволите ваква мизерија и голгота да преживуваат пациентите. Оставка веднаш.“

Како што вчера информираше Алсат, последниот пороен дожд во Струга во вторникот вечерта направи хаос во болницата за дијализа. Кровот прикисна, пациенти со кревети беа изнесувани во ходниците, а водата потоа се чистеше со кофи и легени. Ветувања дека ќе се изгради нов кров, актуелната власт даваше уште во јули минатата година.

Мики Трајковски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...