ВИП официјално го промени името во А1. Телекомунициската компанија ВИП,  која е член на Групацијата А1 Телеком Австрија уште во 2017 година објави дека постепено ќе го воведува А1 брендот за сите свои компаннии. Од фирмата најавуваат дека со промената на името и брендот, подготвени се за 5Г технологијата, модерна оптичка инфраструктура и мобилна мрежа од новата генерација.

„Нашата визија како А1 е да бидеме партнер во дигитализацијата на македонското опшество, да го потикнеме дигиталниот начин на живеење и да бидеме водич за нашите корисници во оваа наша дигитална ера на нови технологии…“, рече Мислав Галер, извршен директор на А1 Македонија.

Од компанијата соопштуваат дека и покрај промената на името, сите претходни стекнати права и обврски на корисниците остануваат непроменети.

„Во 2007 година кога ВИП започна да работи во Македонија ние почнавме со нова канцеларија, тоа беше предизвик во мобилната телефонија бевме оператор број три, но нештата се променија сега сме целосно споени во еден телекомуникациски оператор. И светот се промени во 2007, во групацијата А1 бевме збир на компании од само фиксна или само мобилна телефонија. Оваа трансформација беше навистина импресивна и моќна во Македонија каде што денес сме лидери во мобилната, фиксната, во телевизијата, лидери во многу други групи и услуги кои ги обезбедуваме на нашите клиенти“, рече Томас Арнолднер главен извршен директор на А1 Австрија.

Групацијата A1 Телеком работи во Централна и Источна Европа и обезбедува мобилни и фиксни телекомуникациски услуги за околу 24 милиони корисници.

Андреа Чобанова

Loading...

Shpërndaj me

Loading...