Истражувањата ја пронашле врската помеѓу текилата и губењето на килограми, а сето тоа се должи на позитивните состојки кои ги содржи растението агава, од кои текилата и настанува.

Доколку сакате да намалите неколку килорами, нутриционистите и фитнес експертите препорачуваат намалување на внесот од алкохол во организмот, поради тоа што се висококалорични. Меѓутоа, можеби постојат и некои исклучоци за кои научниците случајно дознаваат.

Во студијата спроведена од Американското хемиско здружение е испитуван ефектот на текилата врз нивото на гликоза во крвта. Утврдено е дека шеќерот во растението од кое се прави текила може да помогне да се намали шеќерот во крвта.

Природните шеќери кои ги има во растението агава се нарекуваат агавини. Овие шеќери не се апсорбирани од телото, што значи дека не го зголемуваат нивото на шеќер во крвта.

Спроведеното истражување на лабораториски глувци покажува дека глувците кои јаделе стандардна храна и пиеле вода со агавини, јаделе помалку и имале пониско ниво на шеќер во крвта, за разлика од другата група на кои не им биле давани агавини.

Глувците кои пиеле таква вода произведувале и хормон glp-1, кој произведува инсулин, па го залажува желудникот дека е полн подолго време. Затоа научниците веруваат дека агавините можат да помогнат и кај лица кои се борат со дијабетес тип 2.

“Агавините не се скапи и немаат несакани ефекти, освен кај лица кои се нетолерантни” – вели Д-р. Мерцедес Г. Лопез, додавајќи дека агавините како и останатите фруктозни шеќери се добри за растот на здрави микроби во усната празнина и цревата.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...