Ги знаете оние личности кои секогаш имаат насмевка на лицето и знаете дека не е лажна оти им ја чувствувате позитивната енергија  штом се доближат. Токму тие луѓе имаат неколку заеднички карактеристики:

Секогаш се благодарни

Ова значи дека кога ќе се разбудат наутро ти се благодарни за тоа. Можеби звучи патетично, но верувајте дека има личности кои му се смеат на секој нов ден.Нивниот ден почнува без стрес, тие филџанот кафе или чај го пијат смирено без брзање и уживајќи.Тоа им дава енергија и позитивност за денот што ги чека.

Вежбаат

Да, секогаш вежбањето како да се протнува во ваквите текстови, но тоа е факт кој нема да се смени. 20-минутното вежбање кардио вежби на секојдневна база не е само заради добриот изглед, туку помага во ослободување на хормонот на среќа, ендорфин кој помага да останете смирени и среќни.

Секогаш се добро наспани

Сите знаат да имаат луди и незаборавни ноќи, но сонот е од суштинско значење за сечија функционалност.

Не се грижат за ситните работи

Само заради тоа што шефот за време на состанокот ве прекорил, не значи дека треба да биде уништен целиот ден. Едноставно, се продолжува со работата и се мисли како да се заврши истата.

Се грижат околината да биде пријатна и весела

Тие секогаш имаат некое цвеќе во канцеларија и во домот. Сакаат отворени и весели бои кои даваат енергија.

Обожаваат миленици

Секогаш знаат да си поиграат со улично куче и да му се израдуваат како тоа на нив. Голем дел од нив имаат и свои домашни миленици на кои им се максимално посветени

Медитираат

Секое утро имаат 15 минути резервирани за медитација кои ги поминуваат со затворени очи во целосен мир.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...