Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека Приштина има свои услови за Белград, односно финалната фаза од разговорите во Брисел треба да резултира со „историски обврзувачки договор за признавање на Косово“.

„За косовската страна постои јасна црвена линија, овој процес треба да ззаврши со конечен, историски договор со кој Србија ќе го признае Косово. Секој друг договор е безвреден. Значи договорот ќе биде конечен и ќе имаме взаемно признавање“, изјави Хашим Тачи.

Косовскиот претседател потврди дека следната рунда од преговорите во Брисел кога ќе се состане со претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе биде одржана на 18 јули.

Shpërndaj me