Претседателот на Косово Хашим Тачи денеска му даде мандат за формирање влада на претседателот на Самоопределување Албин Курти.

Одлуката на Тачи дојде неколку часа откако партијата Самоопределување, која освои најмногу гласови на октомвриските избори во Косово, го предложи лидерот Курти за мандатар за формирање на новата Влада.

Според Уставот, мандаторот има 15 дена да формира владејачко мнозинство. Самоопределување освои најмногу, односно 29 места во косовското собрание и со месеци преговара за владина коалиција со Демократскиот сојуз на Косово кој освои 28 места. Косовското собрание има вкупно 120 пратенички места.

Извор: РСЕ

Loading...

Shpërndaj me

Loading...