Беса Татеши од министерството за економија е оптимист дека до крајот на годинава ќе биде реализирана мерката за доделување на инвертерите за вкупно 10.000 домаќинства во четири најзагадени градови во земјава. Како краен термин до кога треба да се искористат 10-тте милиони евра обезбедени од ЕСМ е Нова Година.

„Врз основа на резултатите од мерните станици овие четири града, откако се идентификуваа како најзагадени градови, имаа предност пред другите градови. Затоа меркава почна да се применува во овие градови. Значи во Скопје, предвидено е да се дадат 5200 инвертери, за 5200 семејства, во Битола 2500, Тетово 1500 и Кичево 800. Моментално се дефинираат условите како да се аплицира на овој јавен повик низ овие градови. Се надевам набрзо граѓаните ќе можат да го добијат ветениот инвертер од Владата… сигурна сум до крајот на годината оваа мерка ќе се реализира“, рече Татеши.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...