Еден од тројца луѓе нема пишувано со пенкало или молив шест месеци. Во Финска комплетно е исфрлен предметот пишување во училиштата и е заменет со модерна технологија.

Како и да е, науката индицира дека пишувањето исклучиво само на тастатура или екран на допир влијае на развојот на мозокот, посебно кај децата кои учат да пишуваат. Во последниве десет години истражувачите се обидуваат да докажат дека учењето пишување и свирење на некој инструмент, всушност можат да ја променат структурата на мозокот. Учење на букви и пишување има многу повеќе бенфиции отколку пишување на тастатура. Професорот Станислас Дехеане, директор на INSERM-CEA Cognitive Neuroimaging Unit вели: „Со процесот на пишување се развиваат и моторичките способности кај детето, но и кај луѓето генерално“.

Според ракописот на еден човек може да се открие и многу повеќе за неговата личност, предност што ја нема ако се користи тастатура. Начинот на кој се пишуваат буквите, нивната големина, еднаквост може да покаже дали човекот кога пишувал бил нервозен, смирен, дали плачел… Што се однесува до внатрешната содржина, може да се забележи од зборовите кои ги користи дали е образован или човек со ограничени познавања на јазикот.

Сè на сè, со ова се докажува дека модерната технологија ни прави повеќе штета отколку корист.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...