Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари апелираше случајот со смртта на 17 годишната девојка од селото Здуње да не се злоупотребува политички и да се чека на конечните резултати од истрагата. Таравари денеска објасни дека настанот не се случил како што претходно се тврдеше во јавноста.

Секој новинар, граѓанин, политичар, политички аналитичар или криминалец кој се нарекува себеси поинаку е слободен да отиде и да се информира во полицијата или да се информира од други истражни органи. Јас не давам ниеден детаљ кој ќе чепка во раната што е предизвикана од оваа тешка загуба во семејството Меџити. На ова семејство, исто како и нам, ни е јасно како се случил настанот кој беше само несреќа, несреќа која не се случила поради некакво невнимание, туку е резултат на судбината. Би ве замолил да покажете почит во овие тешки часови за семејството Меџити, а особено ова барање го упатувам кај лицата кои се заслепени и подготвени да газат врз гробовите за да дојдат на власт.“ Изјави, Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар 

Во понеделникот 17 годишното девојче го загуби животот во Гостивар, откако се удави во реката Вардар, поради тоа што, како што изјавија и роднините, бегало од кучиња скитници. Во меѓувреме, во однос на проблемот со кучињата, Таравари изјави дека пред пет месеци изградиле засолниште, но оти до ден-денес Владата не издала дозвола за објектот да може да профункционира. Според градоначалникот, објектот бил на Владата, но поради грешки на општинската администрација, тој бил реновиран мислејќи дека е на општината. Таравари соопшти дека во Гостивар и околината се евидентирани 400 кучиња скитници од кои се вакцинирани 100. Проблемот со кучињата е присутен речиси во сите градови на земјава и властите никако да успеат да најдат долгорочно решение.

Мелихате Рустеми

Loading...

Shpërndaj me