Тамара Тодевска влезе во финалето на Евровизија. Таа вечерва настапи со песната Прауд во втората полуфинална вечер во Тел Авив, Израел. Македонски претставник по седум години се пласира во финалето на Евровизија.

Финалната вечер ќе се одржи в сабота.

Музиката е на Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров. Текстот е на Коста Петров и неговата сопруга Сања Поповска. Нејзини придружни вокали се Антонија Гиговска, Александра Јанева и Васил Гарванлиев.

Loading...

Shpërndaj me



Loading...