Сè уште не е постигнат договор помеѓу Владата и Хеленик Петролеум за тужбата со која грчката компанија бара оштета од 32 милиони евра поради непочитување на договорот за купување на мазут. Вицепремиерот Кочо Анѓушев кажа дека побарале преку медијација спорот да се реши во рамки на Европската енергетската заедница. Ако не се најде решение тогаш ќе започне арбитражната постапка во која Хеленик Петролеум има право да си бара оштета.

„Она што е наша позиција во рамки на сега добрососедските односи со Грција ќе се обидеме да го искористиме тој формат е да се обидеме ја намалиме колку што може штетата којашто би можела нашата држава да ја трпи, односно средствата кои како пенал ќе треба да ги плати да ги намалиме максимално можно“, рече вицепремиерот Анѓушев.

Сепак, Анѓушев додаде дека евентуалното повторно пуштање во функција на нафтоводот од Солун до Скопје не е поврзано со тужбата на Хеленик Петролеум. Оваа фирма и Македонија се заеднички сопственици на нафтоводот. Хеленик Петролеум ја тужи држвава бидејќи од 2007 до крајот на 2011 година до кога работеше рефинеријата.

Македонија, според договорот, имала обврска да набавува по 500 илјади тони мазут годишно. Но, земјава не ја исполнила својата обврска. Ова не е прва тужба којашто ја има Македонија од Хеленик Петролеум. Во 2007 година, поради тужба со иста содржина земјава плати казна од 40 милиони долари.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me

Loading...