Владата формираше Комисија за да ја избере компанијата што ќе ја гради дистрибутивната мрежа за гас до домаќинствата. Комисијата ќе треба да објави тендер за воспоставување на јавно – приватно партнерство за изградба на нов систем за дистрибуција на природен гас. Составена е од 14 члена од сите надлежни институции. Од Владата се уште немаат детали кога би се распишал тендерот за избор на компанијата и кога би почнала постапката за изградба на мрежа за гас до секое домаќинство. Тоа ќе се знае по првиот состанок на оваа Комисија.

„Во овој момент е донесена одлука за формирање на Комисијата. Специфичните детали во моментот после првиот нивен работен состанок на кој што дефакто ќе се формираат ќе бидат познати тие што се веќе утврдени и ќе бидат презентирани за јавноста. Тука ќе биде и динамиката, кога ќе биде објавен, колку ќе чини..“, рече владиниот портпарол, Миле Бошњаковски.

Комисијата е составена од претставници од министерствата за економија, за транспорт и врски, за животна средина, како и претставнции од кабинетот на премиерот, од кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, од Регулаторната комисија за енергетика, МЕР и други.

Инаку, во моментов се уште се гради националниот гасовод. Засега е завршен кракот од Клечовце до Штип.

Се гради кракот Неготино – Прилеп – Битола кој е изграден околу 50 проценти. Кракот пак од Скопје преку Тетово до Гостивар е изграден околу 40 проценти. Според проекциите на Македонски енергетски ресурси (МЕР), според оваа динамика, најдоцна до крајот на 2020 година, гасот ќе биде достапен за домаќинствата во Скопје и Тетово.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me



Loading...