Основното Јавно Обвинителство во Скопје се уште не отвори случај против седум пратеници на ВМРО ДПМНЕ, кои на снимките од безбедносните камери се гледа како им ги отвораат вратите од Парламентот на демонстрантите, ноќта на 27 април. Од таму велат дека ги идентификуваат лицата, а потоа ќе бидат повикани на разговор.

„Снимките се дел од материјалните докази кои ги поседува ОЈО и се дејствува врз нивна основа. Сослушано е едно лице. Во тек се преземаат постапки за потврдување на идентитетот и причината за учество на лица пред главната врата како и повикувањето на лицата да дадат искази. Во оваа фаза на постапката не може да се даде правна квалификација за било какво кривично дело“. – соопштија од Основното јавно обвинителство

Според Уставот, пратеникот ужива имунитет и не може да биде уапсен без одобрување на Собранието, освен во случај на кривично дело казниво со затвор во траење од најмалку пет години. Ова го потврдени и спикерот на Собранието Талат Џафери во емисијата 200 на Алсат М.

„За укинување на пратеничкиот имунитет има процедура за која мора да одлучи соодветна комисија. Ако квалификацијата на делото е кривично дело, казниво со Кривичниот законик и се казнува со мерка затвор од пет години или повеќе, автоматски, надлежностите се пренесуваат кај претседателот на Собранието. Јас како претседател на Собранието, автоматски ќе дадам дозвола, бидејќи правилата се такви, за да можат да се упатат надлежните органи за истражни или предистражни дејствија против пратениците.” – изјави Талат Џафери, Претседател на Собранието

Снимките објавени од безбедносните камери во Собранието покажуваат дека вратите на Собранието се отворени од пратеници на ВМРО – ДПМНЕ. Во видеото, пратениците на ВМРО ДПМНЕ Саше Василевски и Крсте Мукоски се гледаат како трчаат и се обидуваат од средната врата да ги тргнат метални држачи. Ним им се придружува вработен во обезбедувањето на Собранието, кој со цврст предмет се приближува кон портата. На вратата се приближува и Горан Ѓошевски, шеф на обезбедувањето на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски. Ѓошевски бара од обезбедувањето на Собранието да се повлечат. Муковски и Василевски успеваат да тргнат метален држач од едната врата, но таа не се отвора. Во меѓувреме Љубен Арнаудов и Јохан Тарчуловски комуницираат со мобилни, додека од коридорот заминува Илија Димовски. Мукоски и Василевски се приближуваат до десната врата, каде се гледаат како ги тргаат метални држачи и ги отвараат вратите на парламентот. Демонстрантите влегуваат внатре. Вчера деветте лица обвинети за насилство во Собранието добија само условни казни.

Сенат Зулбехари

Loading...

Shpërndaj me

Loading...