Приврзаниците на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, денеска се собраа пред зградата на Кралскиот суд во Лондон барајќи негово ослободување.

Британскиот министер за внатрешни работи, Саџид Џавид, вчера го потпиша барањето за екстрадиција на Асанж во САД, меѓутоа, конечната одлука судот треба да ја донесе денеска.

Потсеќаме, Асанж моментално се наоѓа во затворот Белмарш во Лондон, каде ја отслужува казната од 50 недели заради прекршување на условите за кауција.

САД го обвинуваат дека со објавувањето на тајни документи, кои содржат имиња на доверливи воени и дипломатски извори, го прекршил законот за шпиунажа. Шведска пак, го товари за наводно силување, а двете земји бараат негова екстрадиција.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...