Кралскиот суд во Лондон соопшти дека сослушувањето на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, за негово евентуално екстрадирање, ќе се одржи кон крајот на февруари 2020 година.

Потсетуваме, Асанж моментално се наоѓа во затворот Белмарш во Лондон, каде ја отслужува казната од 50 недели заради прекршување на условите за кауција.

САД го обвинуваат дека со објавувањето на тајни документи, кои содржат имиња на доверливи воени и дипломатски извори, го прекршил законот за шпиунажа. Шведска пак, го товари за наводно силување, а двете земји бараат негова екстрадиција.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...