Министерството за транспорт и врски до крајот на годината тврди дека успее да реализира дури 95 отсто од капиталните инвестиции, најави министерот Горан Сугарески. Во првите осум месеци годинава реализацијата на капиталните проекти во овој ресор изнесува 63 отсто, а министерот очекува засилена динамика во последните четири месеци од годината.

Тој вели дека клучен проблем во реализацијата на капиталните инвестиции засега е изградбата на гасоводот преку Водно каде активностите се запрени поради протестот на еколошки организации. Засега таму се реализирани само 8,6 отсто од планираните 984 милиони денари за годинава.

„Со интензивирање на тие активности очекуваме огромно зголемување на капиталните инвестиции во Министерството за транспорт и врски. Ние согласно проектите и реализацијата и динамиката и визијата што ја имаме тука јас сум убеден дека од редовната сметка, од редовниот буџет преку 95 проценти, согласно динамиката која што ќе се одвива изградбата на Водно зголемување на процентот на повлекување на средства од тие кредитни линии“, рече Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Сугарески најави дека до крајот на годината ќе се распишат и неколку тендери за изградба на комунална инфраструктура за повеќе населени места.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me