Откако на социјалните мрежи се појавија фотографии со купишта смет во дворот на Студентскиот дом Пелагонија, комуналните претпријатија презедоа акција за чистење на надворешните простории. Од Град Скопје велат дека не е нивна одговорност да ги чистат студентските дворови, тно оваа акција ја преземаат како чин за освестување на граѓаните.

Директорот на домот, Бујар Муртезани најавува дека ќе се постават камери за надзор за да се идентификуваат неодговорните студенти, најавувајќи парични казни и исфрлање од студентскиот дом.

„Службите секојдневно ја извршуваат својата работа и го чистат ѓубрето. Повеќе смет се собира за време на викендот кога службите не работат. Апелирам сите студенти да се однесуваат посовесно за одржување на хигиената и за зачувување на животната средина“, рече Бујар Муртезани, директор во студентскиот дом “Пелагонија”.

Во овој дом има околу 1.000 студенти кои се жалат на условите за сместување и услугата во мензата. Тие, по најавената акција за чистење, самите го отстранија сметот.

Аднан Ќаили

Loading...

Shpërndaj me

Loading...