Седумдесеттина ученици во основното училиште 7-ми март во струшкото село Долна Белица настава следат во училишна зграда во која нема вода. Наместо во објектот, санитарните јазли се наоѓаат во дворот на училиштето. Тоа претставува голем проблем особено во текот на зимата.

“Подрачното училиште не ги исполнува основните услови, како на пример, немаме водовод. Исто така, немаме основни услови за хигиена, немаме тоалети внатре. Како што може да видите, тие се надвор од училиштето.” – изјави Алич Рочи-директор на училиштето 7-ми март Долна Белица

Рочи вели дека на неколку пати досега испратиле барање до Министерството за образование за да се реши овој, но и проблемот со загревање на просториите кои сега се греат на дрва.

Минатата година иселеници во Швајцарија донираа столици и клупи за училиштето.

“Инвестицијата достигна износ од околу 7.000 евра за столаријата која ја покрија жителите. Досега нема никаква помош од државата.” – изјави Веап Ајдари –претседател на месна заедница во Долна Белица

Од локалната власт во Струга велат дека блок дотациите кои ги добиваат од централната власт не биле доволни за одржување на инфраструктурата во училиштата. Затоа била добредојдена помошта од дијаспората. Инаку, освен немањето вода, ова училиште има и проблеми со достраениот кров кој на места прокапува. Инаку, ова подрачно училиште е клон на основното училиште Единство од селото Октиси.

Мики Трајковски

Loading...

Shpërndaj me