Бетонирањето на струшкото крајбрежје продолжува и на потегот кон селото Радожда, последното населено место кон границата со Албанија. Алсат денеска регистрираше дека на неколку локации на тој потег има почетни активности за изградба на одредени објекти кои се наоѓаат буквално до самото езеро.

„Овде порано беа ниви. Секој си садеше бавча со кромид, лук, компир. Сега селаните ги продадоа парцелите. Имаше и крап овде се мрестеше. Обалата се уништува и тоа е нешто многу непријатно.“

„… Можда се од функционери…100% се од нив од кој други би биле? За ова е крива и општината, градоначалникот треба да се направи како што е на море. На вакви места не смее да се гради на крајбрежје. Овие влегуваат во вода и градат“, велат жители на Радожда.

Иако никој од локалното население не знае што ќе никне овде, се сомневаат дека дел од оние кои ќе градат се локални функционери, луѓе на високи позиции и бизнисмени. Еден од нив, функционер од СДСМ ни рече дека станува збор за приватно, а не за државно земјиште и оти тоа лесно може да се потврди во Катастар, но лично не сакаше официјално да зборува во јавноста.

Неофицијално Алсат дознава дека дополнителните контроли на целото струшко крајбрежје од страна на надлежните државни испекциски служби  кое се случуваше деновиве, констатитрале несоодветни градби. Биле донесени и одлуки од страна на овластен инспектор за нивно отстранување.

Инаку, денеска струшкиот Совет не го поддржа предлогот на градоначалникот Рамиз Мерко за давање на 36 плажи под концесија на струшкото крајбрежје. Ова беше трет обид на локалните власти да ја протуркаат ваквата идеја и покрај најавите на Владата дека ќе им ги одземе ингеренциите на општините да ги издаваат плажите под концесија. За предлогот гласаа само советниците од ДУИ.

Мики Трајковски

Loading...

Shpërndaj me