Дали водата за стружани станува луксуз, а не секојдневна потреба? Граѓаните на Струга, како град кој лежи покрај огромни количества вода и во овој период од годината има сериозен проблем со редовното водоснабдување. Цел октомври стружани живееја со помал дотур на вода, намален притисок на погорните катови од зградите и куќите и со рестрикции и од по неколку часа.

„Нема логика Струга да нема вода, кога е сместена на Охридското езеро, а низ градот поминува и реката Црни Дрим.“

„Поголем проблем нема во Македонија. Каде е проблемот не знаеме. Јас сум од Лабуништа. По цел ден нема вода…“

Критично беше и во селата Долно и Горно Татеши, Велешта и Долна Белица. Од Јавното претпријатие Проаква се правдаат дека тоа било поради намаленота издашност на изворите кај Горна Белица и Шум.

„Имаше рестрикции скоро цел месец октомври, од 22 часот до 6 часот наутро. Ова се должеше на лошите хидролошките состојби односно изворите драстично паднаа. Oд 4 ноември кога паднаа првите дождови по долго време, хидролошката состојба се подобри. И со рестрикции престанавме…“

Во моментов, резервоарите се околу 70% исполнети. Во меѓувреме, велат од Проаква, се работи и на физибилити студија за ставање во функција на нови извори на Голема Река над селото Збажди.

„Таа има капацитет од некаде од околу 500 литри во секунда. Во летниот период ќе го покрива тој недостаток од 50 литри во секунда.“

Но, поранешниот директор на Проаква не е оптимист дека овие извори би можеле да се стават во функција наскоро. Според Ваит Ајро, за тоа би биле потребни минимум пет до шест години и околу 50 милиони евра.)

„…Реално станува збор за голем ресурс и за проектот е потребна огромна финансиска конструкција, а потребно е и подолго времетраење за реализација. Општината сигурно нема доволно финансиски средства…“

Но, во меѓувреме, постои и друг проблем. Новите количини дожд ги наполнија резервоарите, но за Струга донесоа нови проблеми. Дојде до заматување на водата, па од крајот на неделава беше воведена забрана за пиење.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...