Општина Гази Баба одбива да даде објаснување за стартот на работите за отворање каменолом над селото Страчинци. Надлежните веќе три дена ги избегнуваат прашањата на Алсат М за два контрадикторни документи, што ги објави првиот човек на месната заедница на селото, Аднан Ајрулаху. Според него во период од еден месец, општина Гази Баба прво ја одбила иницијативата за доделување на концесија, со образложение дека геолошките работи и ископот можат да го оштетат снабдувањето со вода, за потоа да излезе со спротивно мислење и да додели концесија, со образложение дека не го оштетува водоснабдувањето. „Мелкам Инженеринг“, компанијата која ја доби концесијата, писмено одговори на прашањата на Алсат.

Мелкам Инженеринг ДООЕЛ СКОПЈЕ:

„Според сите проценки и еколошки елаборати, како и според добиените одлуки од надлежните институции, не постои никаква опасност за животната средина. Исто така, ништо нема да се реализира надвор од стандардите усвоени со закон“.

Од компанијата соопштија дека работите засега се прекинати и дека ќе се бара одговорност за загубеното време. Од „Мелкам Инженеринг“ побараа помош од Министерството за економија и општина Гази Баба за расветлување на случајот и продолжувањето на градежните работи. Жителите на Страчинци остануваат на ставот дека ќе го блокираат отворањето на каменолом над нивното село.

Мелихате Рустеми

Loading...

Shpërndaj me