Два различни документи на скопската општина Гази Баба до Министерството за економија фрлаат сомнеж врз дозволата за работа за отворање на каменоломот над селото Страчинце од оваа општина. Претседателот на месната заедница во селото, Аднан Хајрулаху, објаснува дека во временски рок од еден месец, општина Гази Баба првично ја одбила иницијативата за доделување концесија со образложение дека геолошките работи и каменоломот во овој дел може да го оштети водоснабдувањето на селата, но еден месец подоцна го менува мислењето и дава дозвола за доделување концесија со образложение дека не му наштетува на снабдувањето со вода.

„Денеска, заедно со неколку активисти откривме уште една документација со што уште повеќе растат нашите сомнежи каде се потврдува дека општина Гази Баба, првото мислење го дава негативно, го одбива барањето за отворање на каменоломот. Но, многу е интересно дека за еден месец, Министерството за економија поднесува повторно барање, сигурно со, ние мислиме така, со некоја друга заднина и во текот на месецот општината дава второ мислење и дава согласност без никаква причина“, изјави Аднан Ајрулаху, претседател на МЗ во село Страчинце

Од Министерството за економија се правдаат дека го смениле мислењето откако седум други институции потврдиле дека каменоломот нема да предизвика никаква штета. Меѓу институциите, како што велат од ова Министерство, биле и општина Гази Баба, Министерството за екологија, за транспорт, за култура, потоа Владата, Дирекцијата за шумарство и Дирекцијата за води.

„За секое можно незадоволство на жителите кои се во близина на локацијата можат да се обратат во општината каде се наоѓа локацијата, односно во општина Гази Баба која дала позитивно мислење за дејноста. Општината може до владата да поднесе барање концесијата да се разгледа. Дотогаш нам ни преостанува да чекаме официјално барање од некоја институција за да преземеме понатамошни чекори“, посочи Наим Вранези, Министерство за економија.

Од општина Гази Баба иако за денеска ветија, не најдоа време да ги разјаснат и другите дилемите во врска со документацијата, на која стои дека каменоломот се наоѓа во село Осичани, општина Гази Баба. Но, ова село се наоѓа во општина Студеничани. Компанијата која ја доби концесијата, Милком Инженеринг за утре најави објаснување, потсетувајќи дека работите се прекинати сè до изнаоѓање на заедничко решение со жителите на село Страчинци кои и денеска стоеја кај месноста Балик за да го спречат почетокот на работата на каменоломот.

Општина Гази Баба 11.03.2011:

„Општина Гази Баба не прифаќа иницијатива за почеток на постапка за доделување концесија за вршење на детални геолошки истражувања на обработените минерали – кварци во локалитетот „Лавинчеви“, село Осинчани, општина Гази Баба. Општина Гази Баба им препорачува на Министерството за економија и на Владата на Македонија ДА НЕ СЕ ИЗДАВА ДОЗВОЛА за доделување концесија за вршење на детални геолошки истражувања на обработените минерали – кварци во локалитетот „Лавинчеви“, село Осинчани, општина Гази Баба…“

Општина Гази Баба 19.04.2011:

„Општина Гази Баба им препорачува на Министерството за економија и на Владата на Македонија ДА СЕ ИЗДАДЕ ДОЗВОЛА за доделување концесија за вршење на детални геолошки истражувања на обработени минерали – кварци во локалитетот „Лавинчеви“, село Осинчани, општина Гази Баба.“

Мелихате Рустеми

Loading...

Shpërndaj me

Loading...