Владата направи неколку чекори во изминатите две години, но странските инвеститори очекуваат поголеми реформи оваа и следната година. Според оценките на Советот на странски инвеститори, владата е позитивно настроена кон инвеститорите, но не дадоа конкретна оценка што точно сработила таа за овие две години. Претседателот на Советот на странски инвеститори Штефан Петер нагласи дека иако сите сакаат брзи реформи, подобро е постепено да се направат стабилни реформи за да можат и компаниите да ги следат.

„Мислам дека веќе направи неколку чекори во изминативе месеци. Очекуваме тоа да продолжи со засилено темпо до крајот на годинава, но и во 2020 година. Секогаш ги замолувам моите колеги да бидат потрпеливи затоа што економскиот раст не доаѓа од еден во друг месец, туку се потребни години. Сите заедно – домашните компании, странските инвеститори и Владата треба да работиме во таа насока“, рече Штефан Петер, претседател на Советот на странски инветситори.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...