Во последната деценија возрасната граница за стапување во брак е поместена. Се почесто кај младите се јавува страв од обврска и стапување во бракот. На што се должи таквата промена и дали е природна?

Ако пред неколку децении се стапувало во брак во просек во околу 20 тите, сега просекот се зголеми за неколку години плус. Истражувањата покажуваат дека младите се повеќе се фокусирани на градење на кариера отколку на градење семејство.

Западните трендови доаѓаат и кај нас, па и во нашите простори се забележува истата појава. Од друга страна пак намалени се сексуалните табуа, комуникацијата меѓу мажите и жените се одвива непречено за разлика од порано што додатно ја намалува потребата од брак.

Многу партнери се и против законското означување на една врска и сметаат дека потписите во матично не значат доживотна љубов, па така се почесто може да забележиме партнери кои живеат заедно без да ја крунисаат љубовта во брак.
Дали и вие го чувствувате општествениот притисок за брак и си верувате на својата интуиција кога и дали е погодно време за тоа?

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...