Често се наоѓаме во ситуација да не преземаме некој чекор бидејќи се плашиме да не ја повториме грешката од неодамна. Стравот од повторена грешка го имаат сите, природен како резултат на претпазливоста и желбата да се биде подобар.

Што кога сме имале непријатно искуство на работа, заминуваме и потоа имаме страв и недоверба во секој нов работодавач, што кога сме имале непријатно љубовно искуство и не плаши помислата од интимност и блискост со нова личност? Звучи познато.

Со самото непреземање на новата шанса се казнуваме себеси за минатата грешка. Стравот е најголемата казна која не одвлекува од можен успех. Со добра интроспекција, гледање во себе и анализирање на можностите, со свесност за себеси во моментот, може да го надминеме тој страв и да продолжиме напред.
Теоретски е многу лесно, меѓутоа кога ќе испливаат на површина сите емоции, страв, чувство на вина, повлекување поради каење станува комплицирано, но не и невозможно. Свесноста за стравот и вината е пола решен проблем, само напред!

Loading...

Shpërndaj me

Loading...