Речиси 500 компании влегоа во трка за добивање на грантови од  Фондот за иновации и технолошки развој. Меѓутоа пари ќе има само за дел од нив бидејќи на располагање се само 10 милиони евра. Иновативните проекти ќе ги оценуваат експерти од земјава, но ангажирана е и комисија од странство се со цел да се дојде до најдобрите проекти.

Директорот на Фондот вели дека преку овој проект лани пари добиле 133 компании, а аплицирале 244. Тие вработиле 800 лица кои земаат плата од 40.000 денари.

„Верувам дека ова е еден од поефикасните механизми и мерки на економската политика на оваа влада со кои што веќе имаме резултати. Така што ако сме паметни како држава и како влада, а мислам дека сме, мислам дека мора да најдеме начин и можности во буџетот, сите кои што имаат доставено добар инвестициски план да добијат поддршка“, рече Јован Десподовски, директор на Фонд за иновации.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...