Бизнис заедницата целосно да се вклучи и да се искористи нејзиното знаење и капацитет во претстојниот преговарачки процес со ЕУ, повика претседателот на државата Стево Пендаровски на работна средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и со потпретседателите и членовите на Управниот одбор на Комората. Стопанствениците од Пендаровски побараа поголема стабилност во постапката на носење закони, поголема промоција во странство и нивно вклучување во процесот.

„Во рамките на фирмите членките кои што се во комората сигурно се наоѓат најреспектабилниот потенцијал човечки и кавлитативен во Македонија. Тоа добро рековте вие, мора добро да биде искористено во функција и прв тест кој што ќе биде ќе биде отварањето на поглавјето на европската унија и затоа тие луѓе и тој потенцијал мора да биде искористен“, изјави Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на Македонија.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...